Британскиот гигант „Унилевер“ ги објави плановите за вложување на 20 милиони евра во нов производствен погон во Киевскиот регион на Украина. Изградбата ќе почне оваа година, а отворањето на фабриката се очекува во 2024 година.
Новата фабрика ќе отвори околу 100 работни места и ќе произведува производи за лична нега, вклучувајќи шампони и гелови за туширање за брендови како што се Dove, Axe, TRESemmé и Clear. Фабриката главно ќе го снабдува локалниот украински пазар, но ќе има и иден потенцијал за извоз на европските пазари.
Оваа инвестиција ја покажува нашата долгорочна посветеност на земјата и на нејзините граѓани, вклучувајќи ги и нашите вработени, купувачи и партнери. Исто така е соодветен начин да ја одбележиме 30 годишнината од нашето работење во Украина, која ќе ја прославиме подоцна оваа година. Нашиот нов производствен погон ќе отвори нови работни места, ќе ги зголеми нашите производствени капацитети, а првенствено ќе им служи на потребите на украинските потрошувачи за висококвалитетни, одржливи производи, соопштија од компанијата.
Од „Унилевер“ велат дека фабриката ќе биде изградена според најголемите еколошки стандарди со користење на технологија на обновливи извори на енергија, што ќе придонесе кон целта на „Унилевер“ за нулта емисии во целиот синџир на вредности до 2030 година.
Извор: esmmagazine
Фото: Unilever
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.