Свет

„Делез“ ги продава сите продавници во Белгија

09 мар 2023

Белгискиот синџир супермаркети „Делез“ објави дека планира да ги продаде сите свои интегрирани супермаркети во Белгија на независни франшизери. Целта на трговецот е да стане попрофитабилен на хипер - конкурентен пазар.

На состанокот со синдикатите, „Делез“ ги најави плановите за издвојување на сите 128 интегрирани супермаркети во Белгија за да се намалат оперативните трошоци и да се осигура поголема флексибилност. Плановите би можеле да влијаат на платите и работните услови за 15.000 вработени, но - според трговците - нема да имаат влијание врз вработувањата, бидејќи сите вработени во продавниците ќе преминат на нови независни оператори. 

Преминувањето ќе се одвива чекор по чекор, почнувајќи од информирање и советување со синдикатите. Сите продавници ќе го задржат брендот „Делез“. 

Синдикатите веќе соопштија дека се „бесни“ од оваа изненадувачка вест, но на многумина аналитичари одлуката на трговецот не им дојде баш „како гром од ведро небо“. „Делез“ веќе го раскина колективниот договор со организацијата за трговија. Со високите трошоци за плати и за секојдневното работење, компанијата не може да се натпреварува со странските конкуренти со пониска структура на трошоци.  

Извор: instore.hr 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...