Швајцарската компанија „Линдт“ соопшти дека профитот за 2022 година се зголемил, при што предложи зголемување на дивидендата и покрај тешката година на зголемени инфлациски притисоци и влошување на расположението на потрошувачите на клучните пазари.
Нето добивката се зголеми на 569,7 милиони швајцарски франци (612,78 милиони долари), над 566 милиони франци што ги очекуваа аналитичарите. Производителот на чоколадните топчиња Lindor објави оперативна маржа од 15% во минатата година, а што е во согласност со прогнозите.
Компанијата, исто така, нуди дивиденда од 1.300 франци по регистрирана акција, повеќе од 1.200 франци во претходната година.
„Линдт“ веќе објави раст на органската продажба во 2022 година од 8,4% во јануари, одржувајќи ја целта за раст на продажбата од 6-8%, иако очекува попредизвикувачки 2023-та година поради инфлаторното опкружување.
Минатата година „Линдт“ ги зголеми цените за околу 4% поради зголемените трошоци за пакување и суровини како млеко и шеќер потребни за производство на чоколадото. Со оглед на тоа што притисокот врз цените продолжува да биде предизвик, компанијата најави дека може да го стори истото и оваа година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.