Свет

За првпат во историјата, Toblerone направи велигденско јајце

02 Mar 2023

За првпат во својата историја, швајцарскиот чоколаден бренд Toblerone се одлучи да направи мала отстапка од своите препознатливи триаголни производи и да направи чоколадно јајце во пресрет на велигденските празници.

Јајцето има овална форма, што е првпат за брендот, но за да не застрани премногу од својата традиција – Toblerone реши да ја конструира таа форма со спојувањето на повеќе триаголни полиња, резултирајќи во „јајце со рабови“ („The Edgy Egg“).

Чоколадното јајце, кое изгледа како некоја модернистичка скулптура, е завиткана во фолија и спакувана во триаголно пакетче кое истовремено содржи и помали чоколатца во форма на зајчиња, пеперутки, пчели и птици – согласно пролетната велигденска тематика.

Но, на голема жалост на многу фанови на Toblerone ширум светот, јајцето со рабови ќе биде достапно ексклузивно во британските маркети на „Теско' и ќе се продава по цена од 12 фунти.

Извор: marketing365



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...