Свет

„Пепсико“ претстави нов визуелен идентитет на 7UP

17 Feb 2023

Откако брендот Sprite неодамна доби нов изглед и Coca - Cola претстави одговор на борбата меѓу овие два брендови со лансирање на сокот Starry, и „Пепсико“ претстави нов изглед на популарниот 7UP.

Во сржта на новиот идентитет е целта на брендот да понуди олеснување на секојдневието, нешто што брендот го нарекува UPliftment. Визуелно, компанијата тоа го постигна со препознатливата зелена боја на 7UP која служи како основа украсена со елементи инспирирани од цитруси, додека претходните елементи како црвените точки се задржани, но модернизирани. 

UPliftment е концепт што го разбираат луѓето од цел свет. Нашиот нов визуелен идентитет за 7UP беше инспириран пред се, со креирање моменти за UPliftmenta брендот во тек на неговата историја. Тимот на „Пепсико“ - дизајн и иновации создаде светол и самоуверен систем на визуелен идентитет кој ќе одекнува во културите, регионите и јазиците, изјави Мауро Порцини, главен дизајнер на „Пепсико“. 

Новиот визуелен идентитет на 7UP ќе почне да се прикажува од март 2023, во Бангладеш, Кина, Египет, Индија, Ирска, Латинска Америка, Пакистан, Саудиска Арабија, Велика Британија и Европа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...