Продажбата на козметичкиот гигант се зголеми во четвртиот квартал, бидејќи побарувачката за производи за убавина во Америка ја компензира слабоста во Кина.
Продажбата се зголеми за 8,1 отсто на споредлива основа во последните три месеци од 2022 година, соопшти француската компанија. Аналитичарите очекуваа раст од 6,8%.
Одделот за бела козметика објави најбрза стапка на раст со стабилна побарувачка за производите на брендовите како Cerave и La Roche-Posay. Одлуката на Кина да ги укине ограничувањата за коронавирусот може да биде добра за продажбата во следната година, предвидуваат аналитичарите. Луксузниот сегмент може да забележи брзо закрепнување, поттикнато од патувањата и отворањето на Кина. Во исто време, податоците за Северна Америка не покажуваат знаци на забавување на потрошувачката.
Годишниот оперативен профит на „Л’ Ореал“ достигна 7,46 милијарди евра, надминувајќи ја просечната проценка на аналитичарите од 7,42 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.