Свет

Еуромонитор: Денот на вљубените во бројки

13 фев 2023

Бројот на продадени слатки задоволства (чоколада, лижавчиња итн.) за Денот на вљубените се зголеми за повеќе од 50% во јануари 2023 година во споредба со истиот месец лани, покажува Via, онлајн-база на податоци за производи, на „Еуромонитор интернационал“.

Регионот со највисока продажба на сезонско чоколадо во малопродажбата е Западна Европа, достигнувајќи речиси 7 милијарди американски долари во 2022 година. Франција води со најголем број продажби на сезонско чоколадо, а потоа следуваат Германија и Велика Британија.

Во САД, продажбата на сезонско чоколадо се очекува во претпразничниот период годинава да се зголеми за 8,6% во споредба со 2022 година, односно да надмине 4 милијарди американски долари.

Меѓу најпопуларните брендови сезонско чоколадо на глобално ниво се Lindt, Hershey’s и Reese’s. Заедно тие сочинуваат околу 19% од глобалниот пазар на сезонско чоколадо.

Продажбата на сезонско чоколадо во облик на срце, кое е еден вид синоним за Дeнот на вљубените, се очекува да биде клучна категорија што ќе го поттикне порастот на чоколадните кондиторски производи годинава. Со високиот едноцифрен пораст на продажбата на сезонско чоколадо, очекуваме таа да надмине 4 милијарди американски долари само во САД, вели Карл Кваш, раководител на одделот за пакувана храна – грицки во „Еуромонитор“.

Тој додава дека минатогодишните празнични иновации биле делумно дефинирани со континуираните ограничувања на синџирот на снабдување, високите трошоци и со брендовите што повторно проценуваа кои производи треба да се произведуваат и појават на полиците. Годинава само во месецот пред празникот (јануари), бројот на продадени слатки задоволства покажува пораст за повеќе од 50% во споредба со истиот месец во 2022 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...