„Вернер & Мерц“ и партнерот „Бери глобал“ се наградени за иновацијата – нова пумпа за распрскување. Ова е втора реномирана награда за иновација на овие две компании.
Меѓународното жири составено од 45 члена од Светската организација за пакување (WorldStar Packaging Award - WPO) ги избра победниците од 37 земји во 18 категории од 488 пријави. „Вернер & Мерц“ ја доби наградата за пакување WorldStar 2023 година во категоријата домаќинство. Официјалната церемонија за доделување ќе се одржи на 6 мај 2023 година како дел од саемот „Интерпак“ во Диселдорф.
Многу сме задоволни поради ова важно меѓународно признание на нашата циркуларна економија. За нас беше особен предизвик не само да внесеме висок процент на рециклирање во функционалните компоненти, туку и значително да ја намалиме вкупната тежина и да ги зголемиме перформансите при активирањето, истакна сопственикот на „Вернер & Мерц“, Рајнхард Шнајдер.
Тежината на пумпата за распрскување е намалена на минимум, која тежи 18% помалку од стандардните активирачки механизми на германскиот пазар. Пумпата за распрскување може целосно да се рециклира бидејќи се состои од само една група пластика.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.