Свет

„Карфур“ ги замрзнува цените на 100 производи во следните 100 дена

20 Jan 2023

До 28 април ќе бидат замрзнати цените на 100 производи од приватна трговска марка во синџирот „Карфур“, во рамки на акцијата што почна на 18 јануари, објави трговецот. 

Акцијата е дел од поширока кампања која вклучува и други промоции, како што е можност за купување на стотина производи за помалку од 1 евро. 

Иницијативата има за цел да им овозможи олеснување на луѓето кои се борат со кризата и со трошоците за живот и да им овозможи на купувачите да ги продолжат секојдневните активности без ограничувања, соопштија од компанијата. 

Тука спаѓаат леб, овошје, зеленчук, средства за лична хигиена и други производи. 

Се обидуваме да гарантираме најниска можна цена за купувачите, но ако добавувачите се принудени да ги зголемуваат цените, ние мора да го следиме нивниот пример. Истовремено, „Карфур“ покрена шема во која купувачите можат да купат по пет парчиња овошје и зеленчук за помалку од 1 евро, како дел од конкретна акција за јакнење на куповната моќ на нашите потрошувачи со поттикнување здрава исхрана, велат од „Карфур“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...