Свет

Значително е зголемен извозот на пенливи вина од ЕУ

10 Jan 2023

Минатата  година извозот на пенливи вина од земјите на Европската Унија изнесувал 636 милиони литри, што е значителен пораст од 29 отсто во споредба со 494 милиони литри извезени во 2020 година, покажуваат податоците на „Евростат“, Заводот за статистика на Европската комисија.

Зголемувањето на извозот е особено значајно откако винската индустрија беше силно погодена од корона - пандемијата, при што многу барови и ресторани беа затворени или работеа на „критично“ ниво.

Трите најважни групи во извозот на пенливи вина биле италијанското „просеко“ (43 проценти, 273 милиони литри), францускиот „шампањ“ (15 проценти, 94 милиони литри) и шпанската „кава“ (10 проценти, 65 милиони литри).

Двете најголеми извозни дестинации се САД (31 отсто од вкупниот извоз на пенливо вино надвор од ЕУ, 198 милиони литри) и Велика Британија (28 отсто, 177 милиони литри).

Во меѓувреме, земјите членки на ЕУ увезле 5,8 милиони литри пенливо вино, што одговара на само еден процент од извезената количина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...