Германскиот трговски синџир „Алди“ најави дека ќе ја прошири својата мрежа во Даблин, Ирска, со вложување од 73 милиони евра во 11 продавници низ градот во следните пет години.
Притоа, во новите продавници ќе бидат отворени 350 работни места со полно работно време и дополнителни 550 работни места во градежништвото.
Се радуваме на зголемувањето на нашето присуство во Даблин. Имаме амбициозни планови за ширење на ирскиот огранок и покрај високите трошоци предизвикани од растечката инфлација, соопшти трговецот.
„Алди“ - Ирска сега работи во повеќе од 20 продавници во Даблин и 155 продавници вкупно ширум земјата, во кои е запослено над 4.650 луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.