Италијанската групација „Фереро“ презеде уште еден чекор во својата стратегија за одржливост, обврзувајќи се дека 100 отсто од амбалажата за нејзините производи ќе може повеќекратко да се рециклира или компостира до 2025 година.
Според 13 по ред извештај за одржливост на групацијата, компанијата постигна 81 отсто од оваа цел до 2021 година. Како дел од оваа обврска, ќе биде лансирана нова амбалажа со еколошки прифатлив дизајн за линијата чоколадо Ferrero Rocher.
Новата полипропиленска кутија е полесна за рециклирање и го намалува јаглеродниот отпечаток на амбалажата за 30 отсто во споредба со претходните кутии, соопштија од компанијата.
Кога ќе се заврши имплементацијата на новата кутија во целото портфолио на „Фереро“, се проценува дека ќе се избегне непотребно користење на околу 10.000 тони пластика.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.