Свет

Франција: Nespresso претстави хартиени капсули за кафе

25 Nov 2022

По три години истражување и работа со компанијата за одржливо пакување „Хухтамаки“, Nespresso лансираше хартиени капсули за кафе кои во целост можат да се компостираат. Капсулите имаат неколку аспекти кои користат заштитена технологија, вклучувајќи биополимерен слој што го штити кафето од оксидација.

Го комбиниравме процесот на изработка на хартиени кеси со биораградлив антиоксидациски слој за да го сочуваме нашето кафе при транспортот, складиштењето и во текот на екстракцијата во нашите фабрики, соопштија од „Нестле технолошки центар“. 

Мајсторите за кафе на Nespresso исто така креираа четири нови мешавини кафе, добиени преку програмата за одржлив квалитет Nespresso AAA, посебно направени за работа со новите капсули на основа на хартија. Овие капсули се сертифицирани од страна на меѓународното сертификациско тело „ТУВ Австрија“. 

Новата серија се тестира во Франција и во Швајцарија, по што ќе биде лансирана и во други европски земји. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...