Свет

Ariel претстави иновативна картонска амбалажа

18 Nov 2022

За првпат во својата историја, Ariel, водечкиот бренд на „Проктер&Гембл“ ја претстави својата нова ECOCLIC картонска кутија. Амбалажата има ФСЦ сертификат и е дизајнирана да биде инклузивна и сигурна и за децата. 

Кутијата може целосно да се рециклира. Изработена е од 70 отсто рециклирачки влакна. Аriel капсулите, пак, се произведени без отпад во стојалиштата. Тој потег е важна предност во посветеноста на Ariel да го намали производството на пластика низ своите работни процеси. Исто така, амбалажата е ергономична за користење и има еден гласен „клик“ кој ви става до знаење дека кутијата е затворена по употребата. Има и технологија наречена „НавиЛенс“ погодна за лицата со оштетен вид, со физичка попреченост или со когнитивни оштетувања. Откако апликацијата НавиЛенс е инсталирана, корисниците можат да го скенираат производот со камерата на својот телефон за да добијат важни информации за пакувањето и производот, било во аудио облик или како голем јасен текст, како и да лоцираат каде производот се наоѓа со висока прецизност, со помош на проширена реалност (АР) со звук. НавиЛенс може да скенира на 12 пати поголема оддалеченост од бар - кодовите. 

Иако тежнее кон одржлива амбалажа, Ariel останува посветен на својата мисија да понуди извонредна мож за чистење и свежина и по перењето во ладна вода. Ладното перење е подобро за планетата бидејќи речиси 60 отсто од јаглеродниот диоксид доаѓа од загревањето на водата. Кога сите во Европа би ја намалиле температурата на перење од 40 степени на 30 степени целзиусови, би можеле да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксид за 3,5 милиони тони годишно, што е еднакво на отстранување на два милиони автомобили од патиштата, соопштија од „Проктер&Гембл“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...