Трговскиот синџир „Жабка“ во Полска претстави нов формат продавници, кој подразбира „драјв - ин“ систем. Односно, потрошувачите ќе можат да ги преземат своите нарачки од удобноста на автомобилот.
Возачот може да дојде до касата, да ја преземе нарачката и да се одвезе. Трговецот засега не сака да открива детали за оваа инвестиција, па не е докрај објаснето како ќе се врши плаќањето.
Најважна ни е близината на купувачот, поради што веќе со години развиваме различни формати продавници, прилагодени на локалните потреби. Во моментов развиваме мобилни „Жабка“ продавници што за лансираат за време на разни случувања, како и сезонски продавници и автомати. Природно продолжување на овој концепт се и „драјв - ин“ продавниците, каде патниците ќе можат набрзина да купат, на пример, кафе, хот - дог или брз појадок. Засега е рано да се даваат детали. Отворањето на овие продавници ќе биде во следните неколку месеци, соопштија од „Жабка“.
Кон крајот на минатата година, „Жабка груп“ имаше 7.954 продавници ширум Полска, додека сега тој број е околу 9.000 продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.