Свет

„Алди“ за шест месеци рециклираше 90 тони материјал

11 Nov 2022

Отворен во јуни 2022 година, „Алди“ логистичкиот центар во Шпанија, досега рециклираше речиси 90 тони материјал.

Центарот има 26.000 квадратни метри. Најголем дел од рециклираниот материјал,, околу 60 тони, отпаѓа на картонска амбалажа, со помош на процес кој прво подразбира складирање на збиени бали од овој искористен материјал,,што потоа се праќа во фабрика за хартија каде се преработува и рециклира во нови кутии, давајќи им така можност за повторна употреба. 

Исто се случува и со други материјали, како што е дрвото, од кое 8 тони се веќе рециклирани и ќе се користат за производство на пелети. 

Кога е во прашање органскиот отпад, веќе три тони се одложени во облик на компост. Така досега се рециклирани 5 тони пластика, соопштија од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...