Свет

Францускиот козметички гигант се враќа во Русија

11 Nov 2022

Француската козметичка компанија „Лореал“е подготвена да продолжи да продава некои од своите најпопуларни брендови, соопшти Министерството за трговија на Русија, пренесува „Раша тудеј“.

Козметичките и парфемските брендови Lankom, Kerastase, Armani и други ќе се вратат на рускиот пазар и затоа ќе бидат исклучени од листата на таканаречениот паралелен увоз. Ова стана возможно поради подготвеноста на овие компании да продолжат со испораките на нивните производи во Русија, рече портпаролот на министерството.

Голем број меѓународни козметички брендови, вклучително и гиганти како што се „Лореал“ и „Унилевер“ ги прекинаа своите активности во Русија по почетокот на конфликтот со Украина.

Во март Москва го легализираше таканаречениот паралелен увоз, кој овозможува испорака на производи без дозвола на сопствениците на трговски марки, за да се задоволи побарувачката за странска стока на рускиот пазар.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...