Свет

„Пепсико“ уште еднаш ги зголеми прогнозите за годишните резултати

17 Oct 2022

Американската компанија „Пепсико“ ги зголеми своите годишни прогнози за приходите и профитот, главно поддржани од неколкуте зголемувања на цените на безалкохолните пијалаци и пакуваните производи што ги примени за да го ублажи влијанието на зголемените трошоци.

Акциите на компанијата пораснаа за 2,3 отсто во претпазарното тргување, откако приходите во третиот квартал исто така ги надминаа проценките.

Потрошувачите кои се борат со немилосрдниот скок на инфлацијата јадат повеќе дома отколку во рестораните, намалувајќи го вишокот трошење. Тоа е тренд што го користат американските производители на пакувана храна како „Пепсико“, кои нудат сè, од бонбони до спортски пијалоци.

Глобалните производители на пакувана храна, исто така, се борат со повисоките трошоци за многу суровини и притисоците врз синџирите на снабдување кои се влошени со конфликтот меѓу Русија и Украина. Зголемувањето на цените го поддржа растот на приходите во сите сегменти, особено двете најголеми оддели за пијалоци во Северна Америка. Бизнисот со пијалоци, кој вклучува брендови како Mirinda, 7UP и Gatorade, забележа раст на волуменот од 1%, што сигнализира одржлива побарувачка на потрошувачите.

Компанијатаочекува органскиот приход во 2022 година да порасне за 12%, што е повеќе од претходната прогноза од 10%. Претходно, „Пепсико“ ги зголеми очекувањата за заработка за април и јули.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...