Свет

„Асда“ во маркетите стави „украински полици“

14 Oct 2022

Трговецот „Асда“ во Велика Британија покрена иницијатива наречена „украински полици“, посветена на прехранбените брендови од Украина во обид да го поддржи производствениот сектор на Украина, додека продолжува воениот конфликт со Русија. 

Притоа, се формира организација наречена „Укеар“, составена преку соработка меѓу украински производители на храна, владини агенции и од стручњаците за малопродажба од „Фудтех шелф“, при што украинските производи треба да стигнат до полиците на маркетите од „големата четворка“ во Велика Британија, но и во ЕУ и во САД. Оваа организација доаѓа во критично време кога украинскиот извоз претрпе значителен удар. 

Некои од брендовите што се пријавија за „Укеар“ вклучуваат компании - гиганти во производството на живина, брендови како чајот Yogoda добавувачот на млечните производи Vista. Сите тие ја имаат ексклузивната ознака Made in Ukraine.

Германскиот дисконт „Алди“ и американскиот големотрговец „Костко“ исто така се во преговори со „Укеар“ за воведување „украински полици“ во продавниците во Велика Британија во блиска иднина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...