Британскиот синџир „Теско“ веќе трети пат во годината ги зголемува платите на вработените во продавниците. Во исто време трговецот ги замрзна и цените на повеќе од 1.000 производи.
Основната саатница се последното зголемување порасна за 20 центи, што претставува вкупно зголемување на платите од 8 отсто во последните 13 месеци. Со сите трошоци, „Теско“ сега смета на малопродажна добивка меѓу 2,4 милијарди и 2,5 милијарди фунти годишно, во споредба со добивката од 2,7 милијарди фунти минатата година. Трговецот сепак се надева дека годинава ќе заштеди уште 500 милиони фунти, вклучувајќи ја автоматизацијата на благајните.
И покрај овие неизвесности, нашите приоритети се јасни. Имаме прва долгорочна стратегија и ќе настојуваме да поставиме рамнотежа за потребите на сите наши засегнати страни, соопштија од „Теско“.
Трговецот јавно вети дека ќе го преполови фрлањето храна до 2025 година, па дури и платите и бонусите на менаџерите ќе бидат поврзани со исполнувањето на целите за одржливо работење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.