Војната во Украина предизвика различни нарушувања на пазарот, а едно од нив се однесува на недостигот на јаглерод диоксид, што моќе да се одрази на производството на пиво и минерална вода.
Поради недостиг на CO2 дури и познатиот производител „Санпелегрино“ во северна Италија неодамна го сопре производството на минерална вода и сода на два дена.
Трошоците за производство на јаглерод диоксид пораснаа
Во Германија пиварите предупредија дека пивото може да поскапи поради недостиг на амонијак за прозводство на јаглерод диоксид. А јаглеродната киселина, исто така, ја нема ни во Австрија, потврди струковното здружение на прехранбената индустрија при Стопанската комора.
Поради скромните количини трошоците на јаглерод диоксид во последно време многу пораснаа“, велат од австриската Стопанска комора. Главните причини се „пред сѐ високите цени на енергентите, со кои некои производители на јаглерод диоксид веќе не можат да се носат, па го намалија или го сопреа производството“. Ограничени се и производите во кои како нуспроизвод се ствара јаглеродна киселина. Сега постои недостиг на достапни количини јаглероден диоксид на пазарот, кој се корисити, на пример, за производство на пијалоци во Австрија. Ситуацијата со снабдување со јаглероден диоксид во оваа земја е напната, но во момент го има доволно. Досега од австриската пивска индустрија немадојави за недостиг на јаглеродна киселина – дури ни од големите производители, рече деновиве Флоријан Бергер, директор на Австриското здружение на пивовари. за „Волксблат“.
Портпаролот на Здружението за индустриски гасови во Германија потврди за германските медиуми дека недостигот на CO2 е проблем во целата прехранбена индустрија затоа што сите производи мора да се транспортираат изладени – на пример свежата храна – која вообичаено се лади со сув мраз. Но, на производителите за тоа им треба течен CO2 и затоа се подеднакво погодени како и пиварниците.
Не само прехранбената индустрија е засегната со недостиг на овој гас: лековите и вакцините се ладат со сув мраз, а во месната индустрија CO2 се користи за заспивање на животните пред колење.
Во земјоделството, индустрискиот гас се користи во стаклениците за поттикнување на растот на билките. Ако продолжи недостигот, тоа може да има далекусежни последици за многу компании.
Причина за недостиг на јаглеродниот диоксид се зголемените цени на гасот. Многу добавувачи на јаглероден диоксид мораа да го намалат производството како резултат на зголемените трошоци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.