Американскиот онлајн гигант „Амазон“ ја стопираше изградбата на нови магацини во Шпанија до 2024 година.
Компанијата на своите добавувачи и партнери им кажала „да чекаат и да видат“ бидејќи онлајн купувањето поттикнато од пандемијата се забавува.
Во јуни, „Амазон“ соопшти дека планира да отвори уште 2.000 нови работни места во Шпанија до крајот на годинава, со што вкупната работна сила во земјата ќе достигне 20.000 лица. Во почетокот на септември, „Блумберг“ објави дека „Амазон“ ќе ги отфрли своите операции за испорака од големи размери поради забавување на растот на продажбата со отфрлање на голем број постоечки логистички капацитети и планирани во САД. Притоа, „Амазон“ или ги затворила или се откажала од плановите за отворање на 42 локации и одлучила да ја одложи изградбата на уште 21.Компанијата откажа и неколку европски проекти, особено во Шпанија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.