Италијанскиот бренд Lavazza ги лансираше првите алуминиумски капсули со неутрален јаглероден отпечаток во светот, компатибилни со оригиналните Nespresso апарати за кафе. Новата линија вклучува шест вкусови и пакување што целосно може да се рециклира.
Ова лансирање претставува клучна пресвртница на нашиот пат кон неутрален јаглероден отпечаток, на што не инспираше пионерската визија на нашиот основач кој во дамнешната 1935 година рекол дека „не сака да живее во свет во кој природата се уништува. Одржливост и намалување на емисиите на јаглерод-диоксид секогаш биле темелот на нашата деловна стратегија, соопштија од групацијата „Лаваца“.
Компанијата избра четири цели како приоритетни кои мораат да бидат интегрирани во работењето и да промовираат рамнотежа меѓу општествените обврски, како што се родова рамноправност и одржливост.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.