Свет

Русија: „Монди“ ја продава својата најголема фабрика

16 авг 2022

Британската компанија за прозиводство на хартија и амбалажа „Монди“ ја продава својата најголема фабрика во Русија на инвестициски фонд во сопственост на рускиот милијардер Виктор Харитоњин за 95 милијарди рубљи (1,5 милијарди евра). 

По оваа информација, акциите на „Монди“ скокнаа за повеќе од 7 отсто. 

„Монди“ исто така има три многу помали фабрики во Русија кои не се дел од овој договор со фондот „Аугмент инвестментс“. Во план е и нивна продажба откако компанијата ќе ги истражи сите опции за своите интереси во Русија по војната со Украина. 

Договорот е условен со одобрување од руската влада и од акционерите на „Монди“, кои ќе добијат дивиденда од приходот. Се очекува дека компанијата ќе се затвори во втората половина од 2022 година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...