Свет

„Алди“ планира големо ширење

01 Aug 2022

Кина е еден од најинтересните пазари за германскиот трговец „Алди“ - синџирот маркети објави многу амбициозни планови за влез на кинескиот пазар. 

„Алди Суд“ сака да отвори стотици продавници само во Шангај и веќе размислува на ширење и во други градови. Во Кина постои огромен потенцијал за „Алди“ и има многу празни места што трговецот сака да ги обои во сино. Брзото растење на средната класа ги зголемува можностите на пазарот на храна. 

Дисконтерот е присутен во Шангај веќе три години, но сега е подготвен да смени во „поголема брзина“. Само во Шангај - мегаград со 25 милиони жители - има потенцијал за стотина продавници. Уште не е одлучено кој град ќе биде следен за отворање нови маркети.  

Воочливо е дека „Алди“ се прилагодува на високо дигитализираниот пазар во Кина. Дисконтерот продава и онлајн и нуди услуга за достава. Иако компанијата не објавува никакви цифри, нејзиниот промет во КИна од почетокот на оваа година се проценува на 78 милиони евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...