Компанијата за достава „Деловеро“ го преполови очекуваниот раст на прометот за 2022 година поради растечките трошоци за живот на граѓаните.
Тоа значи дека купувачите внимаваат на што трошат, односно трошат помалку на неважни артикли, како што е храната за носење. Особено во споредба со претходната година, кога луѓето имаа повеќе испораки до дома поради пандемијата. Сега, „Деливеро“ извести дека луѓето нарачуваат „значително помалку“. Поради овие неповолни услови, „Деливеро“ ги намали очекувањата за цела година. Сефа, смета на пораст на бруто - приходот само од 4 до 12 отсто.
„Деливеро“, која работи со 190.000 независни курири во 11 земји, уште силно тврди дека може финансиски да се прилагоди на макроекономското опкружување кое брзо се менува со подобрување на бруто маржата, ефикасно управување со маркетиншките трошоци и строга контрола на останатите трошоци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.