Свет

„Крафт Хајнц“ и „Теско“ во судир за цените

05 Jul 2022

Американскиот прехранбен гигант „Крафт Хајнц“ престана да испорачува дел од своите производи во најголемиот британски трговски синџир „Теско“, кој се спротистави на зголемување на цените и покрај високата инфлација.

„Теско“ им се извини на купувачите што на неговите полици веќе нема „Крафт Хајнц“ производи, како печен грав, но порача дека нема да дозволи врз грбот на потрошувачите да се прави неоправдано зголемување цени. Домашните буџети се под се поголем притисок и наша должност е на купувачите да им обезбедиме што подобра понуда. Тие можат да бираат меѓу бројните алтернативни производи, а проблемот набргу ќе биде решен, соопштија од „Теско“. 

Од „Крафт Хајнц“ пак истакнаа дека настојуваат да испорачуваат квалитетни производи на пазарот погоден од растечки трошоци за суровини и за производство. 

Спорот меѓу двете компании ја разоткрива бурната актуелна расправа за тоа треба ли најголем дел од трошокот на високата инфлација да го преземат производителите, трговците на мало или потрошувачите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...