Свет

Франција: Веганските бургери и колбаси мора да го сменат називот

04 Jul 2022

Од 1 октомври замените за месо на растителна основа во Франција веќе нема да смеат да ги носат називите колбас, бифтек, хамбургер или кој било друг назив што би можел да се однесува на месо. Ова се содржи во новиот декрет објавен во францускиот Службен весник. 

Нема да може да се користи терминологија специфична за сектори кои се традиционално поврзани со месо и риба за означување на производи што не припаѓаат на животинското царство, објави „Ле Монд“. Храната што е веќе произведена или означена, може да се стави на пазарот до 31 декември 2023 година. 

Националната организација за сточарска и месна индустрија на Франција силно го поддржа законот, со образложение дека е суштински чекор во корист на транспарентноста на информациите за потрошувачите. Од таму се надеваат дека ова правило ќе се прошири на цела ЕУ, бидејќи засега законот не се однесува на производи од други европски земји или од Турција. Така, плескавиците на растителна основа увезени од странство можат да си останат - плескавици. 

Во меѓувреме, индустријата за свинско месо и натаму бара да се забрани означувањето на лабораториското месо како месо. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...