Фондацијата „Л'Ореал“ и УНЕСКО наградија 45 жени научници од цел свет, со што потврдија дека нивната работа беше од суштинска важност во овие неверојатно тешки времиња. На голема церемонија, прва од почетокот на Ковид - 19, беа доделени награди на добитничките на ова меѓународно признание за 2020, 2021 и 2022 година.
На церемонијата одржана во седиштето на УНЕСКО во Париз, беа претставени 15 еминентни лауреатки за интернационалната награда „За жените во науката“ од различни области од природните науки: биохемија, неуронаука, ембриологија, хемија, астрофизика, математика, сметководство, медицина, биологија и заштита на животната средина. Секоја добитничка на наградата го посветила својот живот на решавање на некои од предизвиците со кои светот денес се соочува. Наградени се за трудови од областите унапредување на лекувањето на ракот, автоимуни и заразни болести, креирање нови генерации антидепресиви, создавање одржливи алтернативи за пластиката и многу други области во кои науката може да го унапреди квалитетот на живот на луѓето ширум планетата.
Пригодни говори одржаа Жан - Пол Агон, претседател на Фондацијата „Л'Ореал“ и генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азоулау, кои се осврнаа на важноста на овогодинешните награди за светот да се потсети колку жените научници и нивната работа се важни за нашата заедничка иднина.
Се уште сме во малцинство и ни недостига кртичина маса за поефикасно да се залагаме за нашите потреби. Тоа мора да се промени. Науката мора да биде поотворена за сите - без разлика на пол, националност, раса или култура. И нема време за губење, порача Едит Хеард, професорка и добитничка на интернационалната награда за 2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.