„Лидл“ – Велика Британија ја претстави ознаката Good to Give, која ги насочува купувачите кон производите што им се потребни на банките за храна.
Иницијативата, која се смета за прва од тој тип во индустријата, има цел да ги прошири и зголеми донациите за банките на храна, бидејќи сè повеќе луѓе се обраќаат кон овие организации за да се справат со кризата со трошоците за живот.
На полиците ќе бидат истакнати избрани долготрајни артикли со нутритивни придобивки, кои ќе можат да се остават на пунктовите за донации до касите во продавниците на „Лидл“.
Артиклите редовно ќе се собираат од локалните банки за храна.
„Лидл“ избра листа од 30 прехранбени производи во консултација со организацијата „Нејбрли“, која ја координира локалната испорака на вишок храна. Во одбраните производи се вклучени конзервирано овошје, леќа, скуша, тестенини и кафеав ориз.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.