Свет

„Кауфланд“ ја прошири соработката со германските сточари

09 Jun 2022

Германскиот трговец „Кауфланд“ се обврза дека ќе користи млеко од локално потекло за сите приватни трговски марки. За таа цел трговскиот синџир ја прошири соработката со германските сточари.

Целото свежо млеко под трговските марки K-Classic и K-Bio, трајното (UHT) млеко K-Classic и млечните производи K-Wertschätze сега 100-процентно се набавуваат од локалните производители.

Минатата година „Кауфланд“ го воведе печатот Qualität aus Deutschland (Квалитет од Германија) за овошјето, зеленчукот и месните производи произведени во Германија. Печатот е втиснат на етикетите со цени на пакувањето и на полиците, со што купувачите лесно може да ги најдат производите од локално потекло. Потрошувачите може да ја најдат ознаката Qualität aus Deutschland и на 250 други артикли (пекарски производи, чипс и конзервирани производи) од приватната марка на „Кауфланд“. Од трговскиот синџир најавуваат дека палетата производи дополнително ќе се прошири во иднина.

Посветени сме на фер партнерство со германските сточари – нашата цел е долгорочно да ги поддржуваме. Тоа вклучува и зголемена понуда на повеќе производи од германско потекло, како што е млекото. Тоа не само што ја зајакнува германската производствена мрежа, туку и ја заштитува животната средина преку пократки транспортни маршрути, изјави Роберт Пуделко, раководител на одделот за одржливо купување во „Кауфланд“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...