Свет

Потрошувачите се вратија во баровите - скокна профитот на „АБ Инбев“

18 May 2022

Профитот на „АБ Инбев“, една од најголемите светски пиварници, се зголеми бидејќи потрошувачите продолжија да купуваат поскапи пива, неутрализирајќи го влијанието на зголемените трошоци. 

Добивката за првиот квартал пред оданочување се зголеми за 7,4отсто на приспособена основа, соопшти компанијата. Аналитичарите очекуваа раст од 3,9 отсто. Цената на акцијата порасна за 3,6 отсто.

„Хајнекен“ и „Карлсберг“, исто така, забележаа раст на приходите од продажба, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите, најмногу благодарение на зголемувањето на цените.

Досега, потрошувачите кои се вратија во баровите во САД и Европа по укинувањето на блокадата не беа спречени да платат повеќе за своето пиво, а повисоките цени сè уште немаат значително влијание врз обемот. 

Приходите на  „АБ Инбев“ пораснаа за 11 отсто, соопшти компанијата. Продажбата на нискокалоричното пиво Michelob Ultra се зголеми за повеќе од 10 отсо во САД, а гигантот вели дека се шири побрзо од своите конкуренти во сегментот на готови жестоки пијалаци со производи како што се коктелите Cutwater.

Приходите од продажба во Кина паднаа за 1,2 отсто поради блокадите поради Ковид-19.

Компанијата ја задржа прогнозата за годишен раст на прилагодената добивка пред даноци, такси, камати и амортизација, очекувајќи таа да биде меѓу 4 и 8 проценти. Аналитичарите очекуваат зголемување од 5,9%. „АБ Инбев“ предвидува уште побрз раст на приходите од продажба.

Компанијата со седиште во Левен, Белгија минатиот месец соопшти дека очекува удар од 1,1 милијарди долари од продажбата на својот удел во заедничкото вложување во Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...