Свет

„Хајнекен“ вложува во пабови во Велика Британија

04 мај 2022

Данската пиварница „Хајнекен“ ќе отвори повеќе од 700 работни места во Велика Британија, во рамки на инвестицијата вредна 42 милиони фунти (53 милиони долари) во пабови кои би се прилагодиле на пост - пандемиските трендови. 

Компанијата планира да преуреди вкупно 660 пабови кои работат под брендот „Стар пабс & бар“, по интензивните настојувања на угостителите во Велика Британија што побрзо да ги остават зад себе двете тешки пандемиски години. 

Инвестицијата ќе се фокусира на пабовите во предградијата и на тие на главните градски улици, во близина на станбени четврти, чиј промет порасна благодарение на работата од дома. Ќе се преуредат кујните и ќе се уредат надворешните простори, поради континуираната побарувачка за служење пијалаци на отворено, соопштија од компанијата. 

Последната слична капитална инвестиција пред пандемијата на пабовите им донесе 115 милиони фунти. 

Луѓето не сакаат да се вратат на старо, очекуваат повисок квалитет, вклучувајќи храна и специјални пијалаци - како коктели - кои е потешко да ги подготват дома. Уверени сме дека објектите кои ќе се прилагодат на променетите потреби на посетителите ќе имаат подобра иднина на долг рок, изјавија од  „Стар пабс & бар“.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...