Свет

Светска банка: Храната може да поскапи и за 37 отсто

21 Apr 2022

Светот се соочува со „човечка катастрофа“ поради кризата со храна предизвикана од руската инвазија на Украина, изјави за Би - Би - Си претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Светска банка смета дека може да има „огромен“ скок на цените на храната од 37 отсто, објави Би-Би-Си.

Рекордниот пораст на цените на храната ќе турне стотици милиони луѓе во сиромаштија, рече тој, доколку кризата продолжи. Ова, како што се наведува, најмногу би ги погодило сиромашните кои „ќе јадат помалку и ќе имаат помалку пари за нешто друго освен за школување“.

Тоа е човечка катастрофа, што значи дека исхраната опаѓа. Но, тогаш тоа станува политички предизвик за владите кои не можат да направат ништо за тоа, само гледаат дека цените растат, рече Малпас, додавајќи дека тоа влијае на храната како и на сите различни видови масла, житарки.

Наместо субвенционирање на производството или ограничување на цените, Малпас предложи државите да работат на зголемување на понудата на ѓубрива и храна, со насочена помош за најсиромашните луѓе.

Шефот на Светска банка предупреди и на појавата на „криза во криза“ што произлегува од неможноста на земјите во развој да ги сервисираат своите големи долгови за пандемијата, во услови на зголемени цени на храната и енергијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...