Свет

„Морисонс“ претстави повеќекратни кутии за салата

22 Mar 2022

Британскиот трговец „Морисонс“ претстави повеќекратни кутии за салата кои можат да се изнајмат. Ова е дел од пилот - проектот што ќе биде достапен во салат - баровите во четири продавници, со цел на купувачите да им понуди одржлива амбалажа. 

Исто така, трговецот го отстрани пластичниот прибор од сите продавници. 

Кутиите за изнајмување се направени од полипропилен кој може целосно да се рециклира. Дизајнирани се така што можат да се користат по 400 пати, со цел да се спречи употребата на еднократните пластични кутии што се фрлаат по првата употреба. 

За да ги користат, потрошувачите треба да ја преземат апликацијата CauliBox, се регистрираат и внесуваат податоци од својата платежна картичка, а потоа го скенираат Кју-Р кодот  на салат - барот во продавницата. Потоа може да земат празна кутија за салата, да ја наполнат и да платат на каса како и обично.

Од 2-17 година, „Морисонс“ ја намали пластичната амбалажа на сопствените брендови за над 8.000 тони годишно и замени уште 7.000 тони со алтернативи кои можат целосно да се рециклираат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...