Русија го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави до 30 јуни, а извозот на шеќер го забрани во сите земји до 31 август, јави руската агенција ТАСС.
Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и нерафиниран шеќер до 31 август, како и извоз на пченица, ‘рж, јачмен и пченка до членките на Евроазиската економска унија до 30 јуни. Ограничувањата за житарките ќе важат до 30 јуни, за шеќерот – до 31 август 2022 година“, се вели во синоќешното соопштение од владиниот кабинет. Како што е наведено од Кабинетот, забраната за житарки се однесува на пченица, ‘рж, јачмен и пченка.
Има низа исклучоци за извоз на шеќер и житарки. Така ќе биде можно снабдување со овие производи надвор од Русија, вклучително и за обезбедување хуманитарна помош, како и во рамките на меѓународниот транзитен сообраќај, соопштија од руската Влада.
Одлуката за привремена забрана за извоз на шеќер и житарки на 10 март ја изгласа поткомитетот за царинско-тарифно и нетарифно регулирање, заштитни мерки во надворешнотрговската размена на владината комисија за економски развој и интеграција. Донесена е за да се заштити домашниот пазар на храна во услови на надворешни ограничувања.
Претходно беше објавено дека, според Министерството за земјоделство на Руската Федерација, сега земјата е обезбедена со жито за повеќе од 150 отсто. Во исто време, привремената забрана за извоз ќе помогне да се спречи протокот на земјоделски производи, имајќи предвид дека земјите од ЕАЕУ (Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан) веќе ги купиле количините на стоки што им се потребни без царина оваа сезона.
Инаку, Русија е најголемиот светски извозник на пченица.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.