Компанијата „Кока кола ХБЦ“ е рангирана како ЦДП лидер за одржливост во системите за набавка и се наоѓа меѓу 8 отсто компании во светот кои стигнаа до годишната ЦДП листа на компании кои се предводници во известувањето за своите напори за заштита на животната средина.
ЦДП претставува еден од стандардите кога е во прашање рангирање на компаниите по нивното вложување во заштита на животната средина и известување во напредок на ова поле, а „Кока кола ХБЦ“ групацијата веќе шест години континуирано се наоѓа на листата компании кои се посветени на прашањето на климатски промени и сочувување на водните ресурси. Ова признание директно се надоврзува и со наградата што компанијата ја доби од ЦДП во декември минатата година, кога беше оценета со оценка „А“, од над 13.000 компании. На овој начин на компанијата ѝ беше оддадено признание за иницијативите и акциите што секојдневно се спроведуваат за да стане што поодржлива компанија.
„Кока кола ХБЦ“ неодамна ги објави и своите планови дека емисијата на гасови со ефект на стаклена градина ќе ги сведе на нула во целиот синџир на вредности до 2040 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.