Свет

„Долче & Габана“ формираше нова компанија за парфеми и козметика

09 Feb 2022

Италијанската луксузна групација „Долче&Габана“ формираше нова компанија која директно ќе управува со развојот, производството и продажбата на нејзините парфеми и козметика, најави извршниот директор Алфонсо Долче.

Овој потег, во кој мултимилионскиот бизнис – клучен за многу модни куќи, но често управуван со лиценци – се реформира во сопствена компанија, е прв од ваков вид за италијанската компанија. 

Размислуваме бизнис модел кој може да не доведе до обврски и партнерства со нашите производители, изјави Долче. Тој додаде дека овој потег е дел од „долгорочната стратегија во која се посветени на консолидирање, негување и промовирање на занаетчиските и производствените достигнувања на Италија“.

Модните брендови отсекогаш се фокусирале на луксузни производи за убавина во обид да ги диверзифицираат своите производи и да ја прошират својата база на клиенти.

Новата компанија ќе започне со капитал од 200-250 милиони евра преку самофинансирање и со поддршка од банкарскиот систем. Компанијата од март 2023 година ќе почне да работи со 130-150 луѓе во Италија и уште со 100 - 120 луѓе во странство. Целта ѝ е да го „удвои, ако не и тројно да го зголеми“ уделот на пазарот во секторот за парфеми, да ја зајакне својата позиција во шминката и да развие производи за нега на кожата кои компанијата сè уште ги нема.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...