Свет

„Метро“ развива нова стратегија

07 Feb 2022

Во рамки на новата стратегија за развој на работењето, „Метро“ ќе го намали асортиманот за 30 - 40 отсто (сега во понудата се 75.000 артикли) и ќе почне да остварува речиси половина од профитот од онлајн продажба. 

Конкретно, до 2030 година, компанијата очекува забрзување на растот и засилување на својата позиција како водечки голем трговец со прехранбени производи. 

Главна цел на „Метро“ е зголемување на годишната продажба на повеќе од 40 милијарди евра до 2030 година. Покрај тоа, компанијата планира да се фокусира на работа со клучните клиенти - хотелиери, угостители и малопродажба надвор од синџирот. Нивното учество во вкупната продажба ќе достигне 80 отсто до 2033 година ( сега е 66 отсто). 

Исто така, „Метро“ планира уделот на приватни трговски марки во вкупната продажба на синџирот да го зголеми од 17 отсто на 35 отсто во следните неколку години. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...