Свет

„Волмарт“ го крати платеното отсуство за позитивните од ковид-19

12 јан 2022

Работниците на „Волмарт“ кои мора да се изолираат или биле позитивни на ковид-19 ќе добијат една недела платено отсуство наместо две, според новите здравствени препораки на САД.

Во дописот, во кој „Ројтерс“ имал увид и кој бил испратен до вработените, се наведува дека работниците позитивни на ковид-19 и тие што треба да бидат во карантин имаат право на една платена работна недела.

Портпаролот на „Волмарт“ изјави дека компанијата бара од вработените да работат од дома, доколку тоа е можно, до 30 јануари, а не до 10 јануари како што беше претходно најавено.

Со овој потег, „Волмарт“ ги следи препораките на Центрот за контрола и превенција на болести на САД, кои беа усвоени неодамна. Изолацијата се препорачува да биде 5 дена по инфекцијата со ковид-19, наместо 10, поради порастот на бројот на позитивни случаи што доведе до значителен недостиг на работна сила во индустријата.

„Волмарт“ е најголемиот приватен работодавец во САД со околу 1,6 милиони работници. Трговецот е меѓу првите што го намали платеното отсуство поради ковид-19.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...