„Волмарт“ во декември привремено затвори околу 60 продавници во САД за да се изврши темелена дезинфекција поради Ковид - 19.
Од компанијата соопштија дека внимателно ја следат состојбата во сите продавници, но не го коментираа зголемениот број на нивни позитивни работници. Во случај затворањето на продавниците да го наруши работењето на трговецот до крај на јануари, тоа би можело да предизвика грижа кај одредени инвеститори, пренесе „Ројтерс“.
„Таргет“, ривалот на „Волмарт“, соопшти дека не затвори ниту една продавница поради дезинфекција или други причини поврзани со вирусот.
„Волмарт“ има повеќе од 4.700 продавници во САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.