Свет

Полска го укинува ДДВ - то на храната

27 Dec 2021

Полска најверојатно во февруари ќе го сведе на нула данокот на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи.

Полскиот премиер Матеус Моравјецки изјави дека мерката ќе биде дел од пакетот за ублажување на последиците од зголемената инфлација врз домаќинствата.

Постојат многу големи шанси од февруари да го намалиме ДДВ за основните прехранбени производи на нула, на најмалку шест месеци, рече Моравјецки на прес конференција.

Владејачката полска Партија на правото и правдата, која претходно усвои пакет мерки со кои се намалија даноците на бензинот, гасот, парното и електричната енергија и најавената еднократна финансиска помош за домаќинствата, вели дека не може да го намали ДДВ за храната на нула поради правилата на ЕУ.

Полска веќе подолго време инсистира во ЕУ да се дозволи продажба на храната без ДДВ, но Моравјецки не прецизираше дали блокот одлучил за ова прашање.

Инфлацијата во Полска во ноември изнесуваше 7,8 отсто на годишно ниво.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...