Свет

Mozart топчињата се спасија од банкрот

15 Dec 2021

Произведувачот на оригиналните Mozart топчиња, компанијата „Салцбург чоколадо“, која пријави несолвентност ќе биде спасена од банкрот, бидејќи компанијата „Хајди чоколадо“ одлучи да ја купи.

Две недели откако произведувачот на Mozart пријави стечај поради намалени приходи за време на пандемијата на коронавирусот, семејството Хармер, сопственик на „Салцбург чоколадо“, го предаде својот удел на инвеститор. Новиот сопственик сега мора да изработи план за санација, кој ќе мора да содржи мерки за рационализација, но во компанијата се надеваат дека тоа ќе мине без отпуштања на вработени, кои моментално ги има 130.

Ликвидноста на компанијата е обезбедена со добиениот кредит. 

Преостанува уште согласност да даде американскиот концерн „Монделез", кој полага право на оригиналните Mozart.

Пандемијата тешко го погоди „Салцбург чоколадо“, а тоа се одрази на билансот во кој се бележи задолжување од околу 27 милиони евра.

„Хајди чоколадо“, пак, еднаш веќе спаси встриски произведувач наслатки, компанијата “Неиметз“, која ги произведува познатите Sćwedenbomben.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...