Свет

Аргентина ќе ги ублажи ограничувањата за извоз на месо

13 Dec 2021

Аргентина ќе ги ублажи ограничувањата за извоз на говедско месо со кои го зауздуваше растот на цените, соопшти тамошната Влада по состанокот со претставници на месната индустрија. 

Инфлацијата во Аргентина достигна шокантни 50 отсто, а стапката на сиромаштија е 40 отсто, па Владата одлучи да го стави под контрола наглиот раст на цените со ограничувања за извозот на говедско месо. На средината од годинава, Владата го преполови и извозот во однос на 2020, што предизвика напнатост во месната индустрија. Сега, ќе се укинат ограничувањата за извоз на пазари во развој, а ќе се овозможи и неограничена испорака на месо во САД и во ЕУ. 

Извозот на месо, кое домашните потрошувачи најмногу го користат, и натаму ќе биде ограничен за истата цел, да се спречи силен раст на цените. 

Аргентина е клучен светски снабдувач на говедско месо. Со стада од 53,5 милиони грла, во периодот јануари - октомври извезени се 674 илјади тони говедско. Дури 73,2 отсто е пласирано во Кина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...