Свет

Данска: „Лидл“ ќе продава и непрехранбени производи

03 дек 2021

Трговскиот синџир „Лидл“ во Данска ќе покрене продажба на непрехранбени производи до 2023 година. 

Ова беше соопштено на отворањето на ново модерно складиште на 35 километри од Копенхаген. 

Во почетокот на 2023 година онлајн ќе почнеме да продаваме непрехранбени производи. Овој чекор е голема промена во нашето работење, тоа ќе биде голема инвестиција за компанијата и нешто што ќе не разликува од конкуренцијата, соопштија од „Лидл“ - Данска.  

Во онлајн понудата ќе бидат околу 2.000 постојани производи. Со сезонските производи, продажбата ќе достигне бројка од 10.000 артикли. Исто така, ќе биде овозможена и достава до дома. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...