Свет

„Реве“ лансираше супермаркет во воз

25 Nov 2021

Германскиот малопродажен синџир „Реве“ лансираше одржлив супермаркет во воз. 

Специјалниот воз се состои од три вагони за купување и бистро. На купувачите на располагање им е асортиман од 3.000 артикли. Во понудата се  органски производи и производи од регионални производители. Од компанијата соопштија дека „возот е еколошки, брз и удобен како превозно средство“.  

По застанувањето на главната станица во Франкфурт на почетокот на ноември, возот застанува на уште две станици, а во план е да сообраќа секој петок и сабота до 11 декември и да се прошири бројот на станици на кои ќе застанува.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...