Холандскиот е-трговец „Пикник“, кој работи исклучиво онлајн, објави дека сака да ја достигне лидерската позиција на пазарот во Германија.
Во моментов, на првата позиција во е-трговија со прехранбени производи во земјата е „Реве“.
Неодамна „Пикник“ значително го зголеми капиталот со помош на инвеститори, вклучително и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Дополнително, партнерот „Едека“ во компанијата инвестира околу 300 милиони евра.
Коосновачот на „Пикник“, Јорис Бекерс, изјави дека компанијата ја удвоила продажбата во 2020 година на 470 милиони евра и планира годинава да достигне до 1 милијарда евра. За следните пет години тој предвидува петкратно зголемување на 5 милијарди евра.
Во родната земја Холандија, услугите за испорака на „Пикник“ се веќе достапни за повеќе од половина од населението. Тоа е целта и во Германија. Засега е-трговецот работи само во средниот запад на Германија и активно бара да се прошири на север и на југ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.