Свет

„Делез“ лансира „Програма за здраво членство“

01 Nov 2021

Синџирот супермаркети „Делез“ лансира програма за претплата на компаниите што сакаат да промовираат балансирана исхрана меѓу вработените.

Новиот концепт се нарекува „Програма за здраво членство“ и им овозможува на вработените во компаниите и организациите што учествуваат да добијат 20% попуст на означените производи со темнозелено А или светлозелено Б (Nutri-Score) во сите продавници на „Делез“ во Белгија. Концептот е достапен преку картичката за лојалност на трговецот и беше успешно тестиран меѓу избрани компании. Анализата на пилот-проектот покажала дека учесниците купувале значително повеќе производи со ознаки Nutri-Score A и Б кога добиваат попуст.

Програмата е ослободена од даноци и придонеси за социјално осигурување и затоа е многу атрактивна за компаниите и нивните вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...