Свет

„Кока кола“ ќе има нови шишиња од растително потекло

25 Oct 2021

Компанијата „Кока кола“ направи ново шише од растително потекло, во рамки на својата потрага алтернативни материјали за пакување како дел од заложбите за поголема еколошка одржливост.

Со новиот материјал, од „Кока кола“ се надеваат дека веќе нема да има потребада користат петролеум во производството на комерцијални пластични шишиња. Новата амбалажа всушност се соединенија добиени од растителни шеќери, кои по својата молекуларна структура се идентични на петролеумските соединенија кои се користат за добивање на пластика. Шишињата ќе можат да се рециклираат како стандардна пластика. 

Нашата цел е да развиеме одржливи решенија за целата индустрија. Сакаме другите компании да ни се придружат и да се придвижиме напред, заеднички. Не гледаме на обновливите содржини како поле во кое сакаме да имаме конурентска предност, изјави  Дана Брид, глобален директор за пакување и одржливост на „Кока кола“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...