Свет

„Крафт Хајнц“: Навикнете се на повисоки цени

13 окт 2021

Потрошувачите мораат да се навикнуваат на повисоки цени на храната, изјави Мигуел Патрицио, генерален директор на „Крафт Хајнц“, истакнувајќи дека во моментов, производителите тешко држат чекор со побарувачката на пазарот. 

Тој најави дека компанијата ќе ги зголеми цените во неколку земји,  бидејќи за разлика од минатите години, сега растат цените на буквално сите производи. „Крафт Ханјц“ веќе ги поскапе половина од своите производи на матичниот американски пазар, а истото ќе се случи и на другите пазари. 

Во Велика Британија проблем е и недостатокот на возачи на камиони, во САД значително пораснаа трошоците за логистика, а одредени земји ги мачи и недостаток на работна сила. Но, зголемувањето на трошоците не би требало во целост да се пренесе на потрошувачите, дел од нив ќе преземе и компанијата на свој грб, изјави Патрицио. 


 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...